About

[МАКЕДОНСКИ] Центарот за истражување на национализмот и културата е формиран се цел да понуди дополнителен интелектуален простор и експертиза во полето на студиите на национализмот, во општество каде ова поле се соочува со недостаток на научно внимание и институционална поддршка. Главната цел на Центарот е да го разбере и објасни национализмот, да развие свесност за неговиот развој во балканскиот регион, неговите сложени односи со културата и неговото влијание врз балканските општества.

Image

Ние го разбираме национализмот како културен конструкт, феномен тесно поврзан со културата. Токму овој културен аспект на национализмот е нашиот главен интерес. Нашиот фокус е пред сѐ во манифестирањето на национализмот во „базата“, т.е. кај индивидуите и колективите на основното општествено ниво. Нашиот интерес опфаќа и истражување на начинот на кој културните практики се поврзуваат со одредени државни политики кои што ги таргетираат индивидуалните или групните идентитети, како и начинот на кој државата ги контролира тие врски преку внатрешната културна политика. Сметаме дека конфликтите базирани на „различноста“ многу често се појавуваат поради специфични погледи на историјата кои можат да бидат погрешно протолкувани, па дури и манипулирани од страна на структурите на моќ. Со комбинација на политичките науки, антропологијата, историјата и социологијата како научни дисциплини, се стремиме кон разбирање на културата на национализмот во регионот и кон пренесување на нашите заклучоци во јавноста со цел подигање на свест за причините за феномените како стереотипи, предрасуди, омраза и дискриминација. На тој начин, се надеваме дека ќе придонесеме кон изградба на едно потолерантно балканско и европско општество.

Активностите Центарот се одвиваат во две насоки: академско истражување и промоција на вредности. Ние соединуваме млади и отворени истражувачи и активисти во областа на хуманистиката и општествените науки, кои спроведуваат истражувања, изработуваат научни трудови, држат јавни предавања, промовираат книги, организираат работилници, јавни кампањи и други јавни настани. Подеднакво ги вреднуваме двата вида на активност – истражувачката и активистичката. Нашата крајна цел е да придонесеме кон создавање на подемократски, толерантни и отворени општества во балканскиот регион.

*     *     *

[ENGLISH] The Center for Research of Nationalism and Culture has been founded in order to provide additional intellectual space and expertise in the field of nationalism studies, in a society where this field lacks scientific attention and institutional support. The main goal of the Center is to understand, explain and raise awareness of the development of nationalism in the Balkan region, it’s complex relations with culture in general and its impact on Balkan societies.

We understand nationalism as a cultural construct, a phenomenon closely related to culture. It is precisely this cultural aspect of nationalism what interests us the most. We tend to focus on the manifestation of nationalism ‘on the ground’, at the grass-roots level of society. We are also interested in exploring how cultural practices relate to particular state policies which target individual and group identities and how states control their relationships with reliance on internal cultural policies. We acknowledge that conflicts based on one’s ‘otherness’ very often appear through a particular view on history, which can sometimes be misleading and even manipulated by the structures in power. Combining political science, anthropology, history and sociology we aim to understand the culture of nationalism in the region and to process our findings to public display with a final goal to raise awareness on the root-cause of phenomena such as stereotypes, prejudices, hatred and discrimination. With this, we hope to contribute to establishment of a more tolerant and peaceful Balkan and European society.

The activity of the Center streams in two general directions: academic research and promotion of values. We involve young open minded researchers and activists from the humanities and social sciences, who conduct research, produce publications, give public lectures, promote books, organize workshops, public campaigns and other public events. We give equal value to our two main activities. Our final aim is to contribute to the creation of more democratic, tolerant and open minded societies in the Balkan region.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s