Архиви на невидливите 2.0 | Македонка – Орган на АФЖ (1944-1952): историски искуства и културна меморија

Во петок, 28.10.2022, со почеток од 12 часот, во Музејот на Република Северна Македонија–Скопје, ќе одржи промотивен настан со фокус на сеопфатно истражување на првото македонско женско списание „Македонка – Орган на АФЖ“. Настанот го организира Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК), во партнерство со Музејот на Република Северна Македонија и Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО.


Настанот соединува две главни содржини:


(1) изложба на уметницата Христина Иваноска, насловена „Документот кој недостига“. Изложбата е во рамките на програмата на 10-то издание фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО;


и
(2) Тркалезна маса насловена „Перспективи на истражувањето на првото македонско женско списание „Македонка – Орган на АФЖ“: индивидуална, институционална и јавна димензија“. Оваа јавна дискусија е по повод промоцијата на зборникот на научни трудови во издание на ЦИНИК-Скопје, насловен „Архиви на невидливите: „Македонка – Орган на АФЖ“ (1944-1952): историски искуства и културна меморија“

Зборникот тематски и критички пристапува на историјата на списанието „Македонка“, а го изготви тим од пет истражувач(к)и, и тоа Ивана Хаџиевска (политичка историја), Јана Коцевска (социјални аспекти), Дарко Леитнер-Стојанов (образовни процеси), Мања Величковска (книжевни аспекти) и Христина Иваноска (уметничко истражување). Во зборникот се застапени релевантни излагања на регионални истражувачки, низ предговорот на д-р Ивана Пантелиќ (Институт за современа историја на Србија, Белград) и поговорот на д-р Јелена Милинковиќ (Институт за литература и уметност, Белград).


Настанот ќе започне со отворање на изложбата на Христина Иваноска (12:00 ч.), по која ќе следува тркалезната маса (12:30 ч.) со панелист(к)ите:


м-р Ивана Хаџиевска, соуредничка на зборникот

Јана Коцевска, соуредничка на зборникот

д-р Дарко Леитнер-Стојанов, автор на зборникот

м-р Христина Иваноска, авторка на изложбата

д-р Јелена Милинковиќ – успешни примери на истражување женска периодика

Вера Бунтеска – поранешна претседателка на Сојузот на борци и современичка

д-р Билјана Котевска – експертка за родова еднаквост и јавни политики

м-р Душица Лазова – соуредничка на Медуза.мк прва македонска дигитална
феминистичка платформа

Модераторка: Ана Василева


Ве молиме пријавете го Вашето присуство на: cinikskopje@gmail.com Настанот се организира во рамки на проектот Архиви на невидливите на ЦИНИК-Скопје, поддржан од Фондација Хајрих Бел и Министерство за култура на Република Северна Македонија. Изложбата е во рамки на 10-то издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО во организација на Тиииит! Инк.

Скопскиот земјотрес од 1963 година: сеќавање, идентитети, акции

Истражувачкиот проект „Скопскиот земјотрес од 1963 година: сеќавање, идентитети, акции“ имаше за цел да опфати што е можно повеќе македонски граѓани и граѓанки кои имаат посредни и непосредни сеќавања од скопскиот земјотрес од 1963 година, притоа анализирајќи ги и нудејќи и на јавноста модел за толкување на овие мнемонички наративи. За реализација на оваа цел беа предвидени неколку активности: истражување, работа на публикација на резултатите од истражувањето и дебата на тема „Посткатастрофични градови“. Во истражувањето и толкувањето на сеќавањата беа вклучени вкупно пет истражувачи: тројца помлади и двајца главни истражувачи.

Резултат на проектот е публикацијата „Скопскиот земјотрес од 1963 година и постземјотресната обнова: Лични сведоштва“ која може да се преземе подоле. Во публикацијата се содржани методологијата на истражувањето, анализа на сеќавањата за скопскиот земјотрес и интервјуата собрани во текот на реализација на проектот, како и личните истории во македонските печатени медиуми и усните истории – интервјуа на 51 граѓани и граѓанки кои биле сведоци на земјотресот и постземјотресниот период.


Резултатите од истражувањето беа промовирани на 18 ноември 2021 година преку онлајн настан организиран од ЦИНИК. Настанот го модерираше координаторот на истражувачката работа, а за самиот проект зборуваа проектниот менаџер и истражувачите за методологијата на истражување, историјата на скопскиот земјотрес од 1963 година, сеќавањата за земјотресот и наративите создавани за истиот од 1963 година до денес. Проектниот менаџер ги презентираше резултатите од истражувањето. Интервјуирачите ги презентираа своите искуства од теренската работа и личните впечатоци од работата со лицата интервјуирани во текот на реализацијата на проектот.


Конечно, беше организирана и промоција на книгата и дебата на темата „Посткатастрофични градови“ – на 13 декември 2021 година во Кафе Котур – чијашто цел беше да се контекстуализира македонскиот случај и да се претстави во компаративна рамка. Во дебатата учество земаа тројца истражувачи (Наум Трајановски, Груја Бадеску и Стефани Дупон), а модератор беше Петар Тодоров. Проектот беше поддржан од Министерството за култура на Северна Македонија и од АЛДА.

Линк до публикацијата

Архиви на невидливите: жените во печатот од Вардарска Македонија помеѓу двете светски војни – Скопје


На 29 октомври 2021, во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК) одржа настан со неколку различни содржини и тоа: промоција на публикација, конференција и изложба кои во фокус ги имаат жените во историјата и историографијата на жените во периодот помеѓи двете светски војни.
Настанот започна со промоција на публикацијата „Архиви на невидливите: жените во печатот од Вардарска Македонија помеѓу двете светски војни“, која нуди авторски текстови и систематизирана библиографија за појавноста и видливоста на жените во печатените медиуми од меѓувоениот период. Публикацијата ја изготви тим од осум истражувач(к)и, и тоа Нада Бошковска (стручна соработничка – предговор), Здравко Стојкоски (историски контекст), Ивана Хаџиевска (аспекти од историјата на жените во истражуваниот печат), Мања Величковска и Фросина Крушкаровска (книжевни аспекти), Марина Мијаковска (составувачка на библиографијата), Јана Коцевска (составувачка на регистар на женски имиња) и Билјана Котевска (прирачник со препораки за крос-институционални политики). Уреднички на публикацијата се Ивана Хаџиевска и Јана Коцевска од ЦИНИК – Скопје.


Потоа следеше конференција на тема: „Регионални искуства на архивирање и изучување на историјата на жените во печатената култура – патишта на зачувување и споделување“ на која учество зедоа Нада Бошковска – професорка на Катедрата за источноевропска историја на Универзитетот во Цирих, Ана Колариќ – доцентка на Катедрата за општа и компаративна книжевност и теорија на книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот во Белград, Ивана Пантелиќ – научна соработничка во Институтот за современа историја во Белград и Манца Г. Ренко – асистентка на Факултетот за хуманистички науки на Универзитетот во Љубљана. Модераторка на конференцијата беше Ана Василева.


Присутните имаа можност да ја погледнат и изложбата на визуелната уметница Христина Иваноска на тема „Музеј на женски приказни“ започната во 2015 година. Христина Иваноска создава интердисциплинарни дела преку кои ги истражува прашањата поврзани со потиснувањето, контролата и градењето на колективната меморија во однос на стратегиите и политиките на отпор на жените, критички осврнувајќи се кон искуствата на денешните социјални и политички системи и нивната поврзаност со теоријата и историјата.


Настанот беше организиран во рамки на проектот Архиви на невидливите, поддржан од Фондација Хајрих Бел, Министерство за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје.


На следниот линк може да се преземе публикацијата

На следниот линк може да се преземе публикацијата на англиски јазик
На следниот линк може да се проследи видеото од настанот: промоција / конференција
Овде може да се погледнат фотографиите од настанот

Промоција на „Архиви на невидливите“ во Битола 22.10.2021

На 22 октомври, со почеток во 18 часот во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК) ја промовираше публикацијата „Архиви на невидливите: Жените од македонското минато во печатот помеѓу двете светски војни“.


Ова дело, е резултат од истоименото истражување кое го разгледуваше начинот на претставување на жените во наративите за македонското минато и понуди анализа на жените во националните наративи. Книгата нуди и препораки за унапредување на состојбите за овие теми во образовните и научните процеси.
За време на настанот, публикацијата ја промовираа две од авторките и воедно уреднички на публикацијата: Ивана Хаџиевска и Јана Коцевска. Стручна соработничка во овој проект е Нада Бошковска Лајмгрубер – редовна професорка на Катедрата за источноевропска историја на Универзитетот во Цирих. Публикацијата содржи вкупно седум текстови на авторите Здравко Стојкоски (историски контекст), Ивана Хаџиевска (аспекти од историјата на жените во истражуваниот печат), Мања Величковска и Фросина Крушкаровска (книжевни аспекти), Марина Мијаковска (составувачка на библиографијата), Јана Коцевска (составувачка на регистар на женски имиња) и Билјана Котевска (Прирачник со препораки за крос-институционални политики).


Со ова истражување ги збогатуваме наративите за биографските портрети на повеќе жени значајни за Битола и битолско. Личностите како хуманитарката Захарија Шумљанска, просветната работничка Билјана Трифуновска Каранова и тандемот комитки од Лера – Среба Апостоловска и Донка Ушлиновска, погледнато низ аспектот на историјата на жените даваат нови сознанија и за пошироката историска и културолошка нарација.
Истражувањето „Архиви на невидливите: Жените од македонското минато во печатот помеѓу двете светски војни„ е спроведено од Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК),со поддршка на Фондацијата Хајнрих Бел, Министерството за Култура на Република Северна Македонија и Град Скопје.


Подолу се фотографии од промоцијата во Битола.

АРХИВИ НА НЕВИДЛИВИТЕ | INVISIBLE ARCHIVES

жените од македонското минато во печатот помеѓу двете светски војни | Women in Macedonian past in the print culture between the two World Wars

МКД

Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК), започна со спроведување на истражување од областа на историјата на жените – Архиви на невидливите: Жените во печатот на територија на Вардарска Македонија помеѓу двете светски војни. Истражувањето ќе резултира со публикација на библиографија, каде ќе бидат прикажани наодите за појавноста и видливоста на жените како субјекти или објекти на печатените медиуми од меѓувоениот период. Библиографските наоди ќе бидат придружени со авторски текстови кои ќе понудат теоретски перспективи за историографските, антрополошките, родовите и книжевните аспекти на разгледуваната периодика. Истражувачкиот тим е составен од истражувач(к)и од општествените и хуманистичките науки.


Целта на истражувањето е да понуди систематизирани извори низ кои се прикажува поширока слика за претставата на жените во наративите за македонското минато, отаде стереотипната имагологија, како и анализа на изворите во контекст на позицијата на жените во националните мастер-наративи. Истовремено, истражувањето воспоставува и една практична цел: поставување на резултатите во институционален контекст, со изработка на прирачник со препораки за унапредување на состојбите за овие теми во образовните и научните процеси.


Истражувањето започнува од премисата за печатот од 19 и 20 век како медиумски, политички и идеолошки фактор низ кој се граделе и рушеле културните, националните и јазичните образци. Оттаму, родово димензионираниот истражувачки аспект на печатот може да придонесе за разбирање на различни теми од областа на историјата на жените, социјалната историја, но и да ја збогати со аргументи и нови гледишта и официјалната национална историја.


Истражувачкиот тим ќе им пристапи на изворите низ четири засебни теми на анализа, кои го олеснуваат патувањето на читател(к)ите низ изворите. Осуммина истражувачи, и тоа Нада Бошковска (печатот и националните наративи), Здравко Стојкоски (историски контекст), Ивана Хаџиевска (аспекти од историјата на жените во истражуваниот печат), Мања Величковска и Фросина Крушкаровска (книжевни аспекти), Марина Мијаковска (составувачка на библиографијата), Јана Коцевска (составувачка на регистар на женски имиња) и Билјана Котевска (Прирачник со препораки за крос-институционални политики) се дел од тимот кој ќе работи на публикацијата. Уреднички на публикацијата се Ивана Хаџиевска и Јана Коцевска.


Истражувањето е поддржано од Фондацијата Хајнрих Бел од Сараево, Министерството за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје.

ENG

The Center for Research of Nationalism and Culture (CRNC – Skopje), has begun a research project in the field of history of women, titled Invisible Archives: Women in periodicals published and distributed on the territory of Vardar Macedonia between the two World Wars. This research will result in the publication of Bibliography, where the findings of women’s visibility and appearance – as subjects or objects in published texts – in printed media culture in the interwar period. The thematic bibliography will be accompanied by author texts that provide theoretical perspectives on the historiographical, anthropological, gender and literary aspects of the researched periodicals. The research team of authors is composed of researchers and experts from the arts and humanities.


The aim of this research project is to provide systematized sources, useful for providing the broader image of women’s representation in the narratives about the Macedonian past. These sources go beyond the stereotypical imagology and open space for analysis of the position of women in national master narratives. At the same time, the research project constitutes also a practical aim: through the expert Policy-based Handbook of cross-institutional recommendations, it frames the results in an institutional context, tracing paths for advancements of the topic in educational and scientific processes.


Gender dimensioned aspects in the research of print culture can contribute to the understanding of different topics from the field of history of women, social history, and also enrich the official national history with arguments and new perspectives about the processes of nation-building.


The research team will approach the sources through four different topics of analysis. Eight researchers will work on the topics, among whom Nada Boshkovska (printed periodicals and national narratives), Zdravko Stojkoski (historical context), Ivana Hadjievska (aspects of women’s history in researched periodicals), Manja Velichkovska and Frosina Krushkarovska (literary aspects), Marina Mijakovska (complier of the bibliography), Jana Kocevska (complier of women’s names index) and Biljana Kotevska (Handbook of cross-institutional recommendations). This publication was edited by Ivana Hadjievska and Jana Kocevska.


The project is supported by Heinrich Boll Foundation from Sarajevo, The Ministry of culture from North Macedonia and the City of Skopje.

Ние наспроти другите: Симболички поделби во Северна Македонија

Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК) со задоволство ве поканува на онлајн промоција на книгата „Ние наспроти другите: Симболички поделби во Северна Македонија“, во уредништво на Јован Близнаковски и Петар Тодоров, а со авторски поглавја на Ивана ХаџиевскаДарко Леитнер-СтојановПетар ТодоровДимитар НиколовскиЈован БлизнаковскиЈана Коцевска и Ана Мишковска Кајевска. Промоцијата ќе се одржи на 13 ноември (петок) со почеток во 13.00 часот на платформата Zoom и со стриминг на Фејсбук страницата на ЦИНИК. Подготовката и издавањето на книгата, како и промоцијата, се поддржани од Фондацијата „Хајнрих Бел“ канцеларија за Босна и Херцеговина, Албанија и Северна Македонија.

Линк за пристап до промоцијата: https://us02web.zoom.us/j/88300693350  (препорачливо е инсталирање на апликацијата Zoom на вашиот уред).

На промоцијата, збор ќе земат уредниците на книгата, Јован Близнаковски и Петар Тодоров, како и промотор(к)ите Ана Ацеска (Универзитет во Вагенинген, Холандија) и Горан Јанев (Универзитет „св. Кирил и Методиј“ во Скопје), по што следи сесија на прашања и одговори од публиката со учество на автор(к)ите на поглавјата во книгата. Модератор на дискусијата е Миша Поповиќ.

На овој линк може да ја најдете публикацијата

Ве очекуваме!

*******

ЗА „НИЕ НАСПРОТИ ДРУГИТЕ: СИМБОЛИЧКИ ПОДЕЛБИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“:

Симболичките поделби, сфатени како идеи кои индивидуите и групите ги преземаат за да ја артикулираат блискоста и другоста со останатите индивидуи и групи, имаат особено долга традиција на истражување во општествените науки и хуманистиката. Книгата  „Ние наспроти другите: Симболички поделби во Северна Македонија“ се надоврзува на оваа традиција, но емпириски се фокусира на поделбите артикулирани од македонската етничка заедница во периодот од либерално-демократската трансформација на почетокот на 1990-ите до денес. Во книгата, седум автор(к)и покриваат различни тематски аспекти на симболичките поделби. Во воведното поглавје, Јован Близнаковски и Петар Тодоров ги сумираат наодите од засебните поглавја, нудејќи преглед на симболичките поделби идентификувани од автор(к)ите. Во своето поглавје, Ивана Хаџиевска се фокусира на културните и религиските линии на раздвојување на Македонците, додека Дарко Леитнер-Стојанов и Петар Тодоров ги разгледуваат историските наративи застапени во јавната сфера и во учебниците по историја за основното образование како дополнителен генератор на симболички поделби. Поглавјата на Димитар Николовски и Јован Близнаковски ги разгледуваат симболичките поделби во политиката, при што Николовски се фокусира на внатремакедонските симболички поделби, а Близнаковски на поделбите меѓу Македонците и Албанците. Во своето поглавје, Јана Коцевска го разгледува идеалот за македонското семејство и родовите односи како основа за поделби во современото македонско општество, додека книгата е заклучена со поглавјето на Ана Мишковска Кајевска која се фокусира на симболичките поделби артикулирани во време на кризата предизвикана од пандемијата на КОВИД-19.  

Структуирана на овој начин, книгата е корисна не само за истражувачите од општествените науки и хуманистиката, туку и за специјалистите и експертите кои работат на горенаведените области и се фокусирани кон идеалот на подигнување на општествената кохезија во Република Северна Македонија. Истражувањата во книгата ја покажуваат важноста на симболичките аспекти на општествените поделби за постигнување на одржлив мир и благосостојба во современите општества. Се надеваме дека резултатите од истражувањата објавени во книгата ќе придонесат за подобро разбирање на нашето општество, како и на прашањата и проблемите кои е потребно да се адресираат со цел градење на кохезивно и демократско општество.  

Симболички поделби во Северна Македонија

Communicating

Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК) започна со спроведување на истражување за симболичките поделби во македонското општество. Истражувањето ќе резултира со публикување на зборник на статии во кој ќе бидат презентирани наоди од карактерот и ефектите на симболичките поделби. Во истражувањето учествуваат повеќе истражувач(к)и од општествените и хуманистички науки. Целта на истражувањето е да понуди опис на интерпретативните пракси кои креираат симболички граници помеѓу Македонецот/ката и Другиот, како и анализа на ефектите од воспоставените симболички граници.

Почнувајќи од разбирањето дека луѓето во своите секојдневни животи создаваат и одржуваат симболички „гранични линии“, истражувањето се фокусира на интерпретативните пракси кои ги исцртуваат овие „линии“. Праксите преку кои симболичките поделби се легитимираат во колективната и индивидуалната интерпретација откриваат колку, како и дали групите (во смисла на „замислени“ заедници со сопствена јавна сфера, како повеќето етнички групи) се кохезивни, инклузивни и толеранти кон „другите“.

Истражувањето се фокусира на шест области, кои сами по себе претставуваат посебни истражувачки полиња каде Македонецот се категоризира и исцртува граници. Седуммина истражувачи и тоа Ивана Хаџиевска (култура и религија), Петар Тодоров (историско образование), Дарко Стојанов (историја во јавната сфера), Јован Близнаковски (политика – симболички поделби на линија “македонци-албанци“) Димитар Николовски (политика – Интра-македонски симболички поделби), Јана Коцевска (родови односи и семејство ) и Ана Мишковска Кајевска (симболички поделби во време на КОВИД19 пандемијата ) ќе пишуваат за наведените области. Едиторијалот го уредуваат Јован Близнаковски и Петар Тодоров.

Истражувањето е поддржано од Фондацијата Хајнрих Бел – Сараево

cinik-logo-mk-en         Sarajevo_BiHAlNoMak_EN_RGB

Навраќање кон|Rikujtim i vitit|Revisiting 2001

Форум цивилен мировен сервис (форумЗФД – подружница Скопје), Центар за истражување на национализмот и културата – Скопје (ЦИНИК)Институт за етнологија и антропологија, го промовираа тријазичното издание: „Навраќање кон 2001“, кое претставува збирка на лични приказни од интервјуа реализирани во 2017 година. Целта на оваа публикација во суштина е трослојна: да даде глас, да архивира и да пренесува. Ги опфаќа личните искуства од вооружаниот конфликт или војната што ја потресе Република Македонија во 2001, односно ги разгледува личните сеќавања и настаните од тој временски период. Додека јавно познатите факти околу настаните и нивната интерпретација сè уште предизвикуваат контроверзии; 2001 – ва година означува потрес и претставува референтна точка во перцепцијата на јавноста. И повеќе од тоа: од нашата перспектива конфликтот или војната од 2001 година може да биде опишана како „слонот во собата“, табу тема во Македонија која е сеприсутна, но речиси никој не се осмелува да зборува отворено и конструктивно во јавната сфера.

Оваа публикација е резултат на проектот „Соочување со минатото преку усната историја во Македонија“ (2015 – 2017), организиран од Форум Цивилен Мировен Сервис (форумЗФД) во соработка со Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК) и Институтот за Етнологија и Антропологија (ИЕА) од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” од Скопје. Појдовната цел на овој проект беше да го популаризира пристапот што го нуди усната историја и во исто време да овозможи обука за група млади луѓе, најмногу студенти и активисти од цивилниот сектор од Македонија за запознавање со овој истражувачки метод.

На овој линк може да ја најдете публикацијата Навраќање кон 2001 | Rikujtim i vitit 2001 | Revisiting 2001

Навраќање кон|Rikujtim i vitit|Revisiting 2001

73324455_1337603803072913_7573704673605976064_o

Форум цивилен мировен сервис (форумЗФД – подружница Скопје), Центар за истражување на национализмот и културата – Скопје (ЦИНИК), Институт за етнологија и антропологија, го промовираа тријазичното издание: „Навраќање кон 2001“, кое претставува збирка на лични приказни од интервјуа реализирани во 2017 година. Целта на оваа публикација во суштина е трослојна: да даде глас, да архивира и да пренесува. Ги опфаќа личните искуства од вооружаниот конфликт или војната што ја потресе Република Македонија во 2001, односно ги разгледува личните сеќавања и настаните од тој временски период. Додека јавно познатите факти околу настаните и нивната интерпретација сè уште предизвикуваат контроверзии; 2001 – ва година означува потрес и претставува референтна точка во перцепцијата на јавноста. И повеќе од тоа: од нашата перспектива конфликтот или војната од 2001 година може да биде опишана како „слонот во собата“, табу тема во Македонија која е сеприсутна, но речиси никој не се осмелува да зборува отворено и конструктивно во јавната сфера.

Оваа публикација е резултат на проектот „Соочување со минатото преку усната историја во Македонија“ (2015 – 2017), организиран од Форум Цивилен Мировен Сервис (форумЗФД) во соработка со Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК) и Институтот за Етнологија и Антропологија (ИЕА) од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” од Скопје. Појдовната цел на овој проект беше да го популаризира пристапот што го нуди усната историја и во исто време да овозможи обука за група млади луѓе, најмногу студенти и активисти од цивилниот сектор од Македонија за запознавање со овој истражувачки метод.

На настанот говореа:
Даниел Бернхардт (Хамбург/ порано вработен во Форум ЗФД)
Јана Коцевска ( Циник – Скопје)
Д-р Илина Јакимовска (Институт за етнологија и антропологија),
Боро Китаноски (Мировна акција – Aksioni Paqësor),
Д-р Петар Тодоров, модератор (Институт за национална историја, Циник – Скопје)

****************************

72271688_1357977941035499_6510812018600050688_o74278482_1357976934368933_3780694221283917824_o74615465_1357976457702314_2962405550127579136_o75210240_1357976897702270_3040087597113147392_o75462256_1357987557701204_2429481957885739008_o75635903_1357978557702104_4014659416522489856_o